Општина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат на фекалната канализација

На новоизградената фекална канализација во населеното место Просениково, регистрирано е приклучување од страна на месното население, односно, препумпување на фекалии од септичките јами во најблиските ревизиони шахти. Ова може да предизвика оштетување и блокирање на фекалната канализација за која што се уште не е извршен технички преглед.

Имајќи во предвид дека реализацијата на проектот се уште не е завршена и не е направен технички преглед, Општина Струмица апелира до жителите на Просениково да не се приклучуваат за да не дојде до влошување на состојбата со фекалниот канализационен систем.