Делегација од општина Струмица составена од градоначалникот Коста Јаневски, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и раководителот на Одделението за меѓународна соработка и европски фондови, Ѓоко Ристовски, престојува во украинската општина Берегово, а на иницијатива на Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија. Градоначалникот Јаневски и градоначалникот на општина Берегово, Золтан Бабијак, потпишаа Писмо со намери за воспоставување на соработка помеѓу двете општини. Тоа значи воспоставување на поголема економска соработка помеѓу претпријатијата од двете општини, создавање на услови за вмрежување и соработка помеѓу малите и средни претпријатија, промоција на инвестиционите можности на општина Струмица и поволностите за инвестирање во Струмица.
Берегово е општина која што граничи со две европски држави, Унгарија и Романија.