Гостин на традиционалната Вечер на поезија во рамките на годинашната програма на Струмица опен фестивалот која синоќа се одржа покрај езерцето во градскиот парк, беше македонскиот поет и прозаист Владимир Мартиновски. За неговите дела зборуваше поетесата Вања Изова Велева, а песни читаа Сузана Мицева и Катерина Панов Козаров. Владимир Мартиновски е добитник на наградата „Витез на македонскиот пишан збор“, а зад себе има над 30 дела од поезија за деца и возрасни, проза, антологии, книжевно – теориски студии и есеистички книги.