Oпштина Струмица оваа година по четврти пат објавува Јавен повик во рамките на Програмата Општинско – корисна работа со проект под наслов „Лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“.
Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и Локалната самоуправа на Општина Струмица.
Проектот „Лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес “, во својата програма предвидува во учебната 2019/2020 година редовниот за учениците со попреченост вклучени во редовен образовен процес да вклучи 15 (петнаесет) лични и 7 (седум) образовни асистенти во основните и средните училишта во општина Струмица.
Асистентите ќе бидат ангажирани при наставата на деца со попреченост кои се вклучени во редовниот образовен процес, за кои родителите и директорите на училиштата уредно ги доставија потребните документи и согласности.
Вкупно ќе бидат ангажирани 22 (дваесет и двајца) асистенти од кои 9(девет) асистенти ќе бидат финансиски поддржани од УНДП а 20% со кофинансирање од Општина Струмица, додека 13 (тринаесет) асистенти ќе бидат со целосна финансиска поддршка од буџетот на Општина Струмица.
Целиот јавен повик може да го видите на следниот линк.