Фасадата на Домот на АРМ со уметничко дело „Лузна“ од Никола Пијанманов

Фасадата од предната страна на Домот на АРМ од денеска ја краси уметничкото дело насловено „Лузна“ на нашиот познат уметник Никола Пијанманов. Според авторот, ова дело претставува монументален ликовен обид за редефинирање на рацете од пештерите во кои пред 30.000 години едни прасликари насликале ѕид со дланки оптегнати во грч и страв, раце во агонија и паника од природните феномени, неизвесност од големата природа. Во едната дланка крвотокот се отсликува во форма на крошна од дрво.