Заврши буџетскиот форум на општина Струмица

Со одржувањето на петтата форумска сесија заврши Буџетскиот форум на општина Струмица 2019/2020 година. На оваа сесија беа избрани трите најприоритетни програми и проекти за следната буџетска година. Тони Милушев раководител на Одделението за локален економски развој информираше дека за најприоритетна е избрана Развојната програма ЈИБ – уредување на каналот на „Крушевска република“ со освоени 85 поени, а за најприоритетен е избран проектот за адаптација на улици и тротоари за достапност на лица со посебни потреби и поставување на рампи и звучна сигнализација.