Општина Струмица, денеска, ја организираше првата работилница за изработка на локална стратегија за ХИВ. Стратегијата ќе биде со важност за следните пет години и во нејзина изработка ќе учествуваат сите клучни институции и здруженија на граѓани од општината. Стратегијата ќе ги синтетизира сите активности на општинските институции и здруженија и ќе предвиди нови активности со кои Струмица ќе остане општина со многу ниска ХИВ преваленција и развиени квалитетни програми за превенција, третман и грижа на лицата кои живеат со ХИВ. Следната средба на работната група е предвидена да се одржи на 19 декември.