Со богата уметничка програма, поздравен говор за празникот од страна на градоначалникот Коста Јаневски, доделување на годишните награди на Општина Струмица, како и наградата за животно дело, денес во НУЦК „Антон Панов“ се одржа свечената седница на Советот на општина Струмица, а во чест на денешниот Ден на заштитниците на Струмица , Свети 15 тивериополски свештеномаченици.
Во својот поздравен говор градоначалникот Јаневски меѓу другото истакна:
„Денот на погибието на мачениците, 28 ноември по стариот, или 11 декември по новиот календар, е денот што се слави како патрон на нашиот град, како Ден на заштитниците на Струмица. Токму во тие настани и во времето на делување на свештеномачениците, лежи зародишот на христијанството во овој наш град. Чествувајќи ги ликовите и делата на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици и гледајќи ги работите од денешна временска рамка, станува нужно доследно да ги ползуваме вредностите кои ни се оставени во наследство. Вербата, човечноста, љубовта, непоколебливоста, хуманоста и сите други доблести кои ги поседувале служителите Господови, треба да ни бидат урнек за креирање на нашите животни патишта. Згора на тоа, тие ставиле неизбришлив печат за повеќевековното значење на овој наш град во кој живееме, се радуваме, тагуваме и опстојуваме. Токму затоа имаме немал број причини да го чуваме споменот за нив и да ја негуваме бесценетата лепеза која произлегла од нивните духовни проповеди. За да го сториме тоа мора да престанеме да и слугуваме на суетата, мора зборот „ние“ да го ставиме пред зборот „јас“, мора да ги повикаме на помош свеста и совеста, за да ни бидат сопатници во животот. Како насушна потреба за вода и леб, имаме потреба да ја пронајдеме вистинската терезија, онаа со кои се мерат нештата во животот. На едната страна од терезијата се наоѓаат омразата, злото, нечовечноста и лагата, а на другата – љубовта, добрината, човечноста и вистината. И нашиот севишен Господ, и Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици но и сите ние, добро знаеме кои нешта повеќе тежат и кои нешта на крајот триумфираат во животот“.
Градоначалникот Јаневски ги додели и годишните општински награди „Св. 15 тивериополски свештеномаченици“, кои годинава им припаднааа на: научникот Томе Ефтимов, НУЦК „Антон Панов“, ООМУ „Боро Џони“, крводарителот Симеон Николов, здружението „Вера“, д-р Светлана Маџункова (Канада), новинарот Ристо Тасев и поетот Ице Беличев, а наградата за животно дело ја доби естрадниот уметник Перо Христов кој се заблагодари од името на сите наградени. Специјално признание и беше доделено и на амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Зутер Техабе.