Општина Струмица започнува тендерска постапка за работа за „Хортикултурно и партерно уредување на околината околу манастирот „Свети Леонтиј“ во село Водоча, Струмица и манастирските живеалишта“ со референтен бр. CB006.2.21.143 – PP1 / 04. Тендерската постапка е започната во рамките на Проектот „Зачувување на духовните светилишта – одржлив туристички потенцијал во Струмица и Ќустендил“ реализиран со финансиска помош од Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија 2014 – 2020, CCI 2014TC16I5CB006.
Тендерското досие е достапно на следниве веб-страници:
- http://www.ipa-cbc-007.eu/
- https://www.strumica.gov.mk/ – линк
Крајниот рок за доставување на понудите е 10.01.2020 – 14.00 ч. по македонско време.
Евентуалните дополнителни информации поврзани со оваа тендерска постапка ќе бидат објавени на горенаведените веб-страници.