Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ продолжува со создавање услови за организирано паркирање во градот. Од денеска во функција е ставен нов паркинг простор кој што се наоѓа позади зградата на булеварот „Ленинова“ број 14 кај Основното јавно обвинителство на парцелата број 1728/1. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, со новиот паркинг простор решен е проблемот со големиот сообраќаен метеж кој што се создаваше на оваа површина.Сакам да потенцирам дека оваа паркинг површина и претходно функционираше, меѓутоа, паркирањето тука не беше никако организирано.
Се создаваше невиден сообраќаен метеж и самите жители и вработените во деловните простории и вработените во основното јавно обвинителство имаа огромни проблеми околу наоѓањето на слободно паркинг место од причина што неправилното паркирање создаваше хаос не само на корисниците на моторни возила, туку и на пешаците, бидејќи никако не можеа да дојдат и да ги користат услугите на околните деловни простории. Со одлука на Советот, оваа паркинг површина беше дадена на управување на јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ и по добивањето согласност од сите институции, Секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица и Секторот за внатрешни работи и по проектната документација и комплетното уредување на паркинг површината, еве денеска, го ставаме во функција организираното паркирање на оваа парцела. На постоечките 927 метри квадратни согласно правилниците за проектирање на паркинг површини, меѓутоа, согласно и Законот за безбедност во сообраќајот, како Јавно претпријатие успеавме да го извадиме максимумот во делот на бројот на паркинг места, а тоа е 24. Имајќи ја во предвид циркулацијата на луѓе со моторни возила во централното градско подрачје, на сопствениците на деловни објекти, но и на сите станари во зградата и во околните куќи, во моментот не сме во можност да ја задоволиме целокупната побарувачка бидејќи имаме само 24 паркинг места, а имаме минимум 43 станови во оваа зграда и уште толку, а можеби и повеќе, деловни простории. Во таа насока Јавното претпријатие веќе размислува и работи на изнаоѓање на нови решенија за оваа парцела во делот на паркирањето, се разбира, до колку ни овозможи статиката, евентуално, Законот за градба, ние веќе на есен ќе се произнесеме со предлог решение за градба можеби од времен карактер кое што ќе биде некаква метална конструкција на два или три спрата во зависнот од потребите на корисниците на паркинг услугите која што ќе биде стационирана тука, а се со цел да излеземе во пресрет на сите баратели на паркинг услуга. Сакам да напоменам и јавноста да знае дека од 24-те паркинг места, едно паркинг место е за лица со посебни потреби за кое со закон сме обврзани да го овозможиме, две паркинг места ослободивме за непречено функционирање на Основното јавно обвинителство и останаа 21 паркинг место за циркулација и користење на паркинг услугите. Од тие 21 паркинг место веќе имаме 17 барања за бесплатно паркирање од страна на станарите кои што живеат во оваа зграда, што значи, согласно правилниците на Јавното претпријатие, станарите од Ленинова број 14 ќе паркираат за нула денари, а ова значи дека бројот од 21 паркинг место и овие 17 ни се намали само на 4, значи 4 места ќе имаме за циркулација за сите оние баратели на услуги кои сакаат да паркираат во централното градско подрачје на оваа паркинг парцела. Во таа насока, се надоврзувам на претходно кажаното, заради потребата која што ќе ни се јави и оправданоста во размислувањата за преземање на активности кои што се однесуваат на поставување на можеби метална конструкција на два или повеќе катови за обезбедување повеќе паркинг места, рече Узунова.