Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, а во имплементација на Македонскиот центар за граѓанско образование и општина Струмица како партнер во овој проект, учениците и наставниците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Струмица реализираа еднодневна истражувачка екскурзија во селото Банско, проектна активност произлезена од нивниот акционен план.