Пред Споменикот на Револуцијата во градскиот парк, денеска, беше одбележана 71-годишнината од учеството на 15-от македонски корпус во пробивањето на Сремскиот фронт. На одбележувањето присуствуваше и цвеќе положи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на тој начин потврдувајќи ја неговата и почитта на општина Струмица кон историјата.
Цвеќе положија и претставници на Сојузот на борците, политичките парти, јавните институции и здруженија на граѓани.За пробивањето на Сремскиот фронт и неговото значење, зборуваше Соња Чурлинова, претседател на општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи, а се рецитираше и револуционерна поезија.