Вчера и денеска, овластени претставници на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ спроведоа редовна проверка на примената и одржувањето на Системот за управување со квалитет ISO 9001:2008 и Системот за управување со животна средина ISO 14001:2004. во општина Струмица. Станува збор за редовна годишна проверка со која беа опфатени сите сектори на општинската администрација. На завршниот состанок кој што се одржа денеска, а по комплетното завршување на проверката, овластените проверувачи го споделија нивното задоволство од начинот на кој општина Струмица ги одржува и применува стандардите за управување со квалитет и управување со животната средина, а до крајот на месецот се очекува и официјалниот извештај од словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ.