Во рамките на одбележувањето на утрешниот патрон празник на средното општинско училиште „Јане Сандански“, синоќа во големата сала на на домот на АРМ се одржа свечена академија на која настапија повеќе ученици од ова средно училиште.
Струмичките гимназијалци на публиката и подарија колаж од песна и збор низ кој прозвучија македонскиот, англискиот, францускиот, германскиот и италијанскиот јазик, а беше изведен и химната на училиштето.Активностите од одбележувањето на патрон празникот продолжија и денеска со поставување на штандови од натпреварувачки карактер на плоштадот „Гоце Делчев“ на учениците од економската струка, а ова средно училиште беше посетено и од учениците од завршните одделенија од основните училишта во градот.