ДЕН НА ДРВОТО –ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА

Акцијата Ден на Дрвото – Засади ја својата иднина, усшпешно беше спроведена и на територија на Општина Струмица. На површина од 10 ха, бесправно исечена шума на локалитетот „Чам-чифлик“, во близина на Цареви Кули над градот Струмица, беа посадени 15.000 садници Црн Бор и 5.000 садници Туја.

Во реализацијата на оваа акција за здрава животна средина и разеленување на Струмица масовно учество зедоа 1.500 граѓани, ученици, грагански организации, фирми и релевантни институции од општината. Дрвцето кое живот значи, подарок од учениците, учесници во Струмичкиот Карневал, симбол на исконсите детски души, порака за нивна сигурна иднинана, Градоначалникот го посади на голините на „Чам –чифлик“ како потсетник за Граѓаните на Струмица за заедничката грижа за нашите деца, за нивен сигурен живот во здрава животна средина.

На голините на овој локалитет дрвце на својата иднина посадија и Градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев и Абасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере и голем број истакнати личности од општественото живеење на заедницата.

Дрвце посадија и Претставник од Владата на РМ, Заменик Министерот за труд и социјална политика Ајдуван Мамудов и претсатвниците на Иницијативниот Одбор, Семејството Врчаковски и членовите на групата Нокаут.