СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе…
ИЗВЕСТУВАЊЕ
за пријавените кандидати за полагање возачки испит од „М“ категорија
СВР-Струмица и општина Струмица како организатори на воспитно-сообраќајната акција „Поголема безбедност на велосипедисти со мотор„ ги известува пријавените кандидати дека испитот за возачи на велосипеди со мотор од национална „М„ категорија, ќе се спроведе во сабота на 19.04.2008 година во просториите на ОУ „ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ„-СТРУМИЦА и тоа во два термини:
Во терминот од 13,00 часот ќе полагаат кандидатите со приемен број на пријавата од 1 до 80, а во терминот од 15,00 часот кандидатите со приемен број на пријавата од 81 па нагоре.
(види прилог Преглед)
Кандидатите се должни со себе да понесат документ за идентификација со фотографија (ученичка книшка, лична карта или патна исправа) пред Комисијата за спроведување на испитот.
Испитот ќе трае 60 минути.
Заради успешно и навремено спроведување на самиот испит нема да се толерираат доцнењето и неодговорното однесување на пријавените кандидати.
Ви посакуваме успех.
НАЧАЛНИК НА СВР
Марјан Наковски