Општина Струмица преку општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа година беше домаќин на регионалниот натпревар за организацијата и спроведувањето на сообраќајно-воспитната манифестација „Детски семафор“ и „Сообраќајно-техничка култура на младите“.
На натпреварот учествуваа пет екипи во категоријата на ученици од основните училишта од општините Богданци, Валандово, Гевгелија, Радовиш и Струмица, со вкупно 30 ученици, а во категоријата на ученици од средните училишта, учествуваше само една екипа од Гевгелија.Оваа сообраќајно – воспитна манифестација ја отвори Зоран Узунов претседател на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој им се заблагодари на сите ученици и нивните ментори за заложбата оваа манифестација да опстојува како едукативно-образовна воннаставна активност, за афирмација на сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот.Во екипна конкуренција првото место го освои екипата на Радовиш, а од екипата на Струмица, Иван Донев и Величе Каралијска, ученици од деветто одделение во ООУ „Видое Подгорец“-Струмица ги освоија третите места во голема група машки и голема група женски. Во категоријата на средни училишта, екипата на Гевгелија директно се пласираше за државниот натпревар, како единствено пријавена екипа.