Вработените во општина Струмица, денеска, уште еднаш ја потврдија својата хуманост во спасувањето нечиј човечки живот. Тие покажаа голем интерес за 20-та по ред традиционална крводарителска акција која што ја организираа Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина. Акцијата е отворена и за сите граѓани кои сакаат да ја даруваат својата скапоцена течност за да спасат нечиј човечки живот.