Општина Струмица успешно го изведува, одржува и развива системот за управување со квалитет согласно со барањата на стандардот ИСО 9001:2008 и системот за управување со околина согласно барањата на стандардот ИСО 14001:2004, ова е заклучокот од Извештајот од редовната проверка за примена на ИСО стандардите која беше спроведена во средината на месец април 2016 година.
Од страна на тимот на проверувачи на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ, се контролираше примената на стандардите во сите организациони единици на општина Струмица, при што вработените во општинската администрација, покажаа висок степен на професионалност и посветеност на работата. Констатирани се позитивни параметри во однос на владеењето со Системот за управување со квалитет и Системот за управување со животната средина, конзистентност и зголемување на обемот на работење, добро владеење со документацијата, реализација на стратешките цели на општината и тенденција за постојано подобрување“, изјави Спасе Глигоров претставник на раководниот тим на општина Струмица.Во периодот што следува Општина Струмица ќе се подготвува за премин кон новите стандарди ИСО 9001:2015 и ИСО 14001:2015, што претставува нов предизвик за општинската администрација со цел подобрување на квалитетот на извршување на работите и работните задачи од надлежност на општината и создавање на услови за подобро живеење на граѓаните на Општина Струмица.