Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, а во организација на домот за деца и млади „Благој Мучето“, денеска, се одржаа 26-те по ред републички детски средби „Цвеќе 2016“. На средбите учествуваа ученици од 17 основни општински училишта од државата кои создаваа ликовни дела на тема цвеќе, аранжираа природно цвеќе, а беше отворена и изложба насловена „Цвеќе 2016“.