Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ деновиве реализира поголем број градежни зафати на градските гробишта во Струмица. Според Костадин Виранов, раководител на одделението за погребни дејности, се поставуваат рабници на сите главни и споредни улици и пристапни патеки до гробните места, се бетонира патека во новиот дел на гробиштата, се работи на нова излезна порта кон селото Баница, на ново осветлување, поставување на нова ограда и се вршат и други активности со што на граѓаните ќе им се овозможи полесе пристап до вечните почивалишта на нивните најблиски.