Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, денеска имаше средба со членовите на делегацијата од турскиот град Измир. Средбата се одржа во просториите на Советот во домот на АРМ. На истата претседателот Христов ги запозна гостите со работата и функционирањето на Советот, се раговараше за досегашната соработка, а се разгледуваа и можностите за проширување на истата и во други области покрај образованието.Делегацијата од Измир беше составена од ученици и вработени во средното училиште „Јилдис Тинас Измироглу Анадолу“ кое од 2012 година има воспоставено соработка со средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица.