Вработените во работната единица „Чистота“ при јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ почнаа со чистење на поројот „Крушевска Република“. Чистењето со механизација и рачно, започна од транзитниот пат и ќе се спроведе до крајот на поројот, а се чистат наноси, трева, и градежен шут на кој иако местото не му е во поројот, граѓаните и него го фрлале во истиот.Од работната единица „Чистота“ апелираат до граѓаните да не го фрлаат отпадот во поројот, туку да го користат бесплатниот телефонски број на општинскиот сервис „Систем 48“ 0800 148 48, но и телефонскиот број на „Комуналец“ 034 325 909 да пријават кога имаат насобран отпад во своите домаќинства и истиот со возила на претпријатието навремено ќе биде подигнат. На тој начин ќе го дадат својот влог во заштитата на животната средина.