Стана повеќе од јасно дека Васил Пишев не го познава Законот за јавни набавки и фактичката состојба со чесното работење на Зоран Заев, па е приморан, одработувајќи за својата партија ВМРО – ДПМНЕ, секојдневно да ја лаже македонската јавност. Само како илустрација за лагите на Пишев нека послужат неговите обвинувања дека за релацијата Радовиш – Калуѓерица – Струмица, општината плаќала 230,оо денари по ученик.Документите кои се во прилог, велат дека единечната цена во двата правци изнесува 71,оо денар до Радовиш и 57,оо денари до Калуѓерица. Која е математиката на Пишев, само тој си знае.Колку Пишев да не ја познава оваа проблематика, недозволиво е еден пратеник во највисокиот законодавен дом во државата да се служи со невистини.
За јавно изнесени лаги Пишев мора да одговара пред надлежните институции.