Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
Од денес општина Струмица воведува нова пракса. Во иднина еднаш неделно ќе известуваме за активности кои се во тек и оние кои се завршени се со цел навремено и точно ваше информирање….
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани !
Од денес општина Струмица воведува нова пракса.
Во иднина еднаш неделно ќе известуваме за активности кои се во тек и оние кои се завршени се со цел навремено и точно ваше информирање.
Во текот на изминатата недела, на иницијатива на општинскиот градежен инспекторат извршена е проверка на сите улици и тротоари на кои одредени изведувачи имаат извршено прокопи за разни намени.
По надзорот, одржан е состанк со сите изведувачи и е договорено во најкраток можен рок да се завршат сите работи т.е. позициите да се вратат во првобитната положба. Во спротивно, општината согласно своите надлежности ќе преземе конкретни мерки.
Исто така сакаме да ги информираме граѓаните дека согласно програмата за комунално работење на општината веќе е завршено асфалтирањето на:
– дел од улицата Панче Пешев
– дел од улицата Братство и Единство
– асфалтирање на потегот од улицата Ѓорги Василев до влезот на нервното одделение при ЈЗУ Општа болница – Струмица а, завршено е и асфалтирањето на улицата Александар Македонски и дел од улицата Спиро Захов.
Што се однесува до други градежни работи, изградени се нови тротоари на улиците Моша Пијаде, Ѓуро Салај, 24ти Октомври, Гоце Делчев, Тротоарот на улица Младинска- До Општа Болница и нов тротоар на улица Васил Сурчев.
Ја користиме можноста да ги информираме граѓаните дека општината постави и ново улично осветлување на улиците 24ти Октомври, Горги Василев, а во тек е поставување на нови улични столбови на излезот на Струмица кон Добрејци.
Апелираме до сите грагани!, Доколку бидат забележани одредени дефекти на уличното осветлување, без разлика каде, преку своите претседатели на урбаните или месните заедници ја информираат надлежната служба при општина Струмица со цел ефикасно справување со сите проблеми на тој план.
Понатаму !, Сакаме да дадеме до знаење дека на улиците во градското подрачје, поставени се нови сообраќајни знаци, кои очекуваме да придонесат за поквалитетно регулирање на сообраќајот во урбаниот дел на градот Струмица.
Сакаме да напоменеме!, дека оваа недела започнаа градежни работи за уредување на Булеварот Климент Охридски, тротоарот на потегот Булевар „Гоце Делчев“ – Улица Крушевска Република, како и изградба на канализација во населено место Муртино.
На посочените места, овој период интензивно ќе се вршат градежни работи заради што молиме за разбирање од граѓаните кои живеат во овие делови.
Посебно би ги информирале граѓаните од село Сачево, дека општината најсериозно превзема интензивни активности за завршување на прислоните кон новоизградениот мост во селото, заради што општината апелира за трпение , со ветување дека проблемот кој е од огромно значење на граѓаните од селото Сачево ќе биде надминат во најкраток рок.
Што се однесува до севкупното работење на општината, сакаме да ја информираме јавноста дека во тек на месец септември беше извршена редовна сертификациона проверка од страна на словенечкиот институт за мерење на квалитет SIQ при што е потврдено спроведувањето на стандардот ISO 9001/2000, што значи се потврдува спремноста на општинската администрација како единствена во Република Македонија да работи согласно стандарди својствени на земји од Европската Унија.
За крај, би сакале да информираме дека почнувајќи од 24ти октомври ќе започнеме со организирање на собири на граѓани во сите урбани и месни заедници со цел подготовка на Програмата за комунално работење и изготвување на Буџетот на општина Струмица за 2009 година.
Тргнувајќи од фактот дека сме единствена општина каде Буџетот се изготвува врз партиципативен принцип, општината апелира до граѓаните, масовно да ги посетуваат овие собири на граѓани, заради потврда на општинската заложба за градење општина по мерка на сите граѓани!
Благодарам!
ОПШТИНА СТРУМИЦА
МЕДИА ЦЕНТАР