Стотина присутни од работните маси, низ презентација и дебата ги презентираа, коментираа и бранеа петте изработени предлог проекти пред присутните граѓани на форумската сесија, што на 17 октомври се одржа во Домот на АРМ. Во центарот на вниманието на петтата форумска сесија беа…
Стотина присутни од работните маси, низ презентација и дебата ги презентираа, коментираа и бранеа петте изработени предлог проекти пред присутните граѓани на форумската сесија, што на 17 октомври се одржа во Домот на АРМ.
Во центарот на вниманието на петтата форумска сесија беа буџетот на проектите но и техничката документација. Присутните гости и членовите на работните маси најмногу прашања поставуваа околу времетраењето на проектот и неговата одржливост со што Струмичани докажаа дека проектот што ќе се избере за најдобар треба да биде од општо добро за заедницата
Ова беше последна сесија каде работните групи ги презентираат и дискутираат проектите пред присутните. Периодот до наредната сесија останува за изработка на финалните проверки околу буџетите на проектите Центар за згрижување на пензионери и стари лица, Развој на алтернативни форми на туризам, Центар за рехабилитација и ресоцијализација на лица корисници на дрога и алкохол, Клуб за психо-социјална поддршка на лица заболени од карцином и Цветен пазар Ирис. На шестата сесија, граѓаните кои имаат право на глас ќе можат да гласаат за проектот што најмногу им се допадна. Право на глас имаат само оние граѓани кои учествувале на минимум четири сесии.
„Оние граѓани кои имаат право на глас ќе останат на работните маси, а секоја работна маса ќе има одреден временски период во кој што ќе треба да одлучат на кој проект колку поени ќе му даде, но многу е важно на шестата сесија да присуствуваат и граѓани кои досега не учествувале на сесии. Со тоа ќе се обезбеди транспарентно гласање, вели Светлана Миленкова –координатор на проектот.
Проектот или проектите што ќе бидат избрани ќе треба да обезбедат копии од детален урбанистички план, имотни листови, поддршка од локални институции и засегнати страни со проектите, а ќе мора да се направат финалните буџети.Шестата форумска сесија, што ќе се одржи на почетокот од декември, ќе биде гласачка и одлучувачка, каде граѓаните ќе одлучат во кој проект или проекти ќе ги вложат шесте милиони денари кои преку програмата „Форуми во заедницата“ се доделуваат од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC и општина Струмица.