На ден 24 октомври 2008 година, Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика во соработка и со поддршка на Општина Струмица, одржа јавна трибина по повод Предлог Законот за заштита од дискриминација. Трибината на која беа поканети…
На ден 24 октомври 2008 година, Секторот за еднакви можности при Министерството за труд и социјална политика во соработка и со поддршка на Општина Струмица, одржа јавна трибина по повод Предлог Законот за заштита од дискриминација. Трибината на која беа поканети претставници од институциите и НВО од Општина Струмица, се одржа во Домот на АРМ, каде присутните можеа да даваат свои предлози и коментари по однос на предлог законот за заштита од дискриминација. Законот го презентираа претставници од Министерството за труд и социјална политика, а присутните можеа слободно да земат активно учество со цел да се дополни и подобри предлог текстот на законот за заштита од дискриминација. По завршувањето на трибината за сите учесници беше организиран и скромен коктел во просториите на Домот на АРМ.