Јавна презентација на планот за измена на урбанистичкиот план за блок 20 и 37

Градоначалникот на општина Струмица донесе решение за организирање на Јавна презентација по Нацрт – планот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на дел од Урбан Блок 20 и на дел од Урбан Блок 37 во Струмица.  Јавната презентација ќе се одржи на ден 12.01.2007 година во 11 часот во Општина Струмица. Со решение на Градоначалникот на општина Струмица, се организира и  Јавна анкета  по Нацрт – планот за измена и дополнување на Деталниот урбанистички план на дел од Урбан Блок 20 и на дел од Урбан Блок 37.

ПОСТАПКА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА  ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО

1.  Извод од Програма за изработка на урбанистички планови
2. Изгорвување на  Нацрт план
3. Стручна ревизија на Нацрт планот
4. Стручно мислење за Нацрт планот од Мин.за транспорт и врски
5. Организирање на стручна консултација
6. Организирање на јавна презентација и јавна анкета
7. Изготвување на Извештај од јавна презентација и јавна анкета
8. Изготвување на Предлог план
9. Согласност од Мин. за транспорт и врски на Предлог планот
10. Одлука на Советот на општината за донесување на планот.