Потпишани договорите за првите проекти за преку гранична соработка меѓу Струмица и Петрич. Денес Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев во Секретарјатот за Европски прашања при Владата на РМ, ги потпиша договорите за проектот “Од луѓе за луѓе” (грант од ЕУ 32.223 евра) и “Реконструкција на Цареви кули” (грант од ЕУ 289.000 евра).
Општина Струмица и Општина Петрич аплицираа на двата повици објавени од Европската агенција за рекострукција. Проектите на Општина Струмица од страна на ЕУ беа селектирани и внесени во програмата на ЕУ за реализација.