Објавен ЈАВЕН ПОВИК за вклучување на млади невработени кадри во проектот ЕМY (фаза 2). Со цел поттикнување на вработувањето на млад кадар, Општина Струмица реализира петмесечен проект на посредување и поврзување на правните субјекти што го планираат сопствениот развој преку вработување на стручен кадар и невработени млади лица. Јавниот повик се однесува за 30 волонтери.
Интерес за учество за волонтирање можат да најават сите заинтересирани млади кадри, до 35 години, без работно искуство кои се жители на Општина Струмица.
– Постапка за користење на проектните услуги:
– Прибирање на интересот за волонтирање преку поднесување на CV и пополнување на апликационен формулар;
– Специфицирање на потребата за стручен кадар;
– Селекција на соодветни кандидати;
– Потпишување на договор;
– Реализација на волонтерската пракса во период од 12.03.2007-12.06.2007 година.
Најавата на интересот за волонтирање се поднесува со доставување на документи директно во канцеларијата на проектот, на адреса:
Општина Струмица
Лице за контакт:Кљанкова Тања
Ул . Сандо Масев бр:1;
Тел/факс:348-024Краен рок за пријавување на потребата за ангажирање на волонтери е 7 дена од објавување на повикот (20.02.2007 година).