Општина Струмица и Институтот за човекови права Лудвиг Болцман објавуваат Јавен повик за доставување на предлог – проекти за Невладини организации кои делуваат на територијата на општина Струмица.
Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена (БИМ) во Македонија, го спроведува проектот Човековите права и намалувањето на сиромаштијата во Македонија во согласност со Принципите и упатствата за пристапот заснован на човековите права во стратегиите за намалување на сиромаштијата. Проектот се спроведува во тесна врска со УНДП- Македонија, а е финансиран од Австриската агенција за развој (АДА).
За таа цел Институтот за човекови права Лудвиг Болтзман од Виена (БИМ) во Македонија, повикувајќи се на Платформата за развој на Општина Струмица до 2015 година, финансиски поддржува реализација на најуспешен микро проект од НВО на Територија на Општина Струмица.
Фондот за подршка на најуспешниот микро-проект е 4500 евра.
Јавниот повик е во тек, а НВОрганизации од Општина Струмица своите Предлог микро- проекти треба да ги достават најдоцна до 16 мај 2007 година, до 17 часот на адреса:
Нинослав Младеновиќ
Лудвиг Болтзман Институт за човекови права
ц/оУНДП, Никола Вапцаров 2-4, Скопје, Македонија
или за подетални информации може да се обратат во Одделението за Локален економски развој во Општина Струмица на тел: 034/340 224, кај Локалниот проектен координатор Милушев Тони.