Општина Струмица започна со реализација на проектот Рекoнструкција на спортски игралишта во градот и населените места. Со овој проект ќе бидат опфатени 14 терени за мал фудбал / ракомет, 6 за одбојка и кошаркарски игралишта.
Активностите опфакаат:
– одбележување (бојадисување) на линиите,
– бојадисување на стативите, конструкциите за кошеви и столбовите за одбојка,
– поставување на нови табли и обрачи,
– поставување на нови мрежи за ракомет, одбојка и кошарка.
Паралелно со овие активности ке оди и медиумска кампања за популаризација на спортот кај младите.
Целта на проектот е да се создадат услови за рекреативни спортски активности, популаризација на спортот како и отргнување на младите од лошите навики.