Претседателите на политичките партии партиципиенти во Советите на Општините Струмица, Босилово, Василево, и Ново Село денес го потпишаа меморандумот за поддршка на нацрт планот за формирање на Центар за собирање и рециклирање на отпад. Со изразениот политички консензус од страна на политичките партии е направен првиот чекор за влез на реномираната австриска компанија Saubermarher во индустријата на отпад во Струмичкиот регион.

Јавното приватно партнерство на комуналните претпријнатија од Струмичкиот регион со Saubermarher ќе се реализира во 3 фази:
1. Собирање на смет од домаќинствата и индустријата од населените места од сите 4 ( четири) општини
2.Поставување на “Втора канта “ односно вршење селекција на отпадот уште од домаќинствата
3.Градење на фабрика за рециклажа и градење на регионална депонија
• Со реализацијата на овие 3 фази се очекува
• Интегрирано управување со цврстиот отпад
• Искористување на рециклабилни цврсти отпадни материи
• Отпадот ќе се собира , транспортира и депонира со селекција и сепарирање
• Локациите кои ќе се користат за депонии ќе се урбанизирани и соодветни
• Постоење на технологија на депонирање согласно утврдените стандарди
• Непостоење на диви депонии – ѓубришта
• Институционалните капацитети на Јавното приватно претпријатие ќе бидат соодветни за воведување на системот за интегрирано управување со отпадот
• Зголемена наплата на услугата
• Подигнување на комуналниот смет од сите домаќинства од градот Струмица и сите населени места во Струмичкиот микро регион.