Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Директорот на ЈП Комуналец, Панче Орцев на 09.03.2007 година потпишаа договор со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, кој вклучува соработка во процесот на изработка на студии за исплатливост и проектни плански документации за потенцијални проекти на територијата на Општина Струмица.
Согласно договорот Министерството за животна средина и просторно планирање ќе изврши презентација на потенцијалните проекти од Општина Струмица во рамките на Механизмот за чист развој пред италијански и италијанско – македонски компании и ќе направи обид да пронајде заинтересирани компании кои ќе изработат студии за исплатливост и проектни плански документации за идентификуваните проекти:
1. Намалување на емисиите на стакленички гасови преку зафакање и спалување гас во депонијата Шапкар,
2. Користење на Геотермална енергија во Банско и
3. Енергетска ефикасност на уличното осветлување во Струмица.