Во името на вистината: Кој ја лаже македонската јавност за изградбата на пазариштето во Струмица?

ВО ИМЕТО НА ВИСТИНАТА
(Или : КОЈ ЈА ЛАЖЕ МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРИШТЕТО ВО СТРУМИЦА).

ВМРО ДПМНЕ вели: ,,Очигледно е дека менувањето на Деталниот урбанистички план по желба на Заев, за него не претставува во најмала рака криминален чин…,,
(прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ од 16.03.2007 г.)
ВИСТИНАТА вели: ,,Проектот е во согласност со Деталниот урбанистички план, кој не е променет од 1987г. Според планската документација утврдена е намена од јавен карактер.
(Детален урбанистички план бр.02-851/1 од 31.12.1987г. – документ достапен за јавноста)
ВМРО ДПМНЕ вели: … земјиштето е предмет на денационализација …
(прес-конференција на ВМРО ДПМНЕ од 16.03.2007 г.)
ВИСТИНАТА вели: Земјиштето не е предмет на денационализација
Чл.10 од Закон за денационализација :
НЕ СЕ ВРАЌА ЗЕМЈИШТЕТО ВО СОПСТВЕНОСТ ПОРАДИ ПОСТОЕЊЕ НА ЈАВЕН ИНТЕРЕС, А СЕ ДАВА НАДОМЕСТ
(Чл.2 и Чл.3 т.14 од Закон за комунални дејности: ГРАДСКОТО ПАЗАРИШТЕ Е ОБЈЕКТ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС)

НАЈГОЛЕМ КРИМИНАЛ Е НЕКОГО ЛАЖНО ДА ОБВИНУВАШ ЗА КРИМИНАЛ.

ПРИЧИНИТЕ ЗА КОНСТРУИРАНИТЕ ЛАГИ ОД  ВМРО ДПМНЕ  СЕ  ЈАСНИ  И  ПРОВИДНИ:

– Им пречи најголемата градба во Р.Македонија
– Им пречи првата катна гаража (на пазариштето) во Р.Македонија
– Им пречи развојот на општина Струмица
– Им пречи успешната децентрализација во Струмица
– Им пречи градоначалникот Заев кој е потпретседател на СДСМ

Ги повикувам претставниците од ВМРО ДПМНЕ на ТВ-соочување пред целата Македонска јавност. Отстапениот медиумски простор ќе го плати Зоран Заев, а изборот на телевизијата и го препуштам на ВЛАСТА.

Доколку Законите во Р.Македонија се ирелевантни за ВМРО ДПМНЕ и Владата, ќе бидат релевантни одлуките на меѓународните експертизи и Европските судови.

Зоран  Заев
Градоначалник на општина Струмица.