На првиот ден на пролетта, во хотелот Александар Палас во Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели традиционалните награди и признанија за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2006 година.
Општина Струмица ја доби втората награда во категоријата Управување со отпад, за реализација на повеќе проекти спроведени во соработка со НВО Планетум. Наградата од австрискиот амбасадор г-дин Филип Хојос ја прими Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
Иако е второнаградена Општина Струмица е прва меѓу општините во Република Македонија кои се здобија со награди и признанија со оглед на фактот дека првата награда ја доби Средното електро-техничко училиште Михајло Пупин од Скопје.