Вечерва со почеток во 18 часот во Дом на АРМ, во организација на Центарот на зедницата на општина Струмица, ќе се одржи Отворен ден со Комисијата за здравствена заштита, социјална заштита и заштита на децата, при Советот на општина Струмица. Оваа активност е дел од проектот „Отворени денови со советниците од одделните комисии на Советот на Општина Струмица“, во рамките на годишниот план за работа на Центарот за 2016 година.Целта на овој настан е запознавање и доближување на работата на Комисијата до граѓаните, како и нивно вклучување со давање предлози и во носењето одлуки на локалната самоуправа.На отворениот ден активно учество ќе земат: д-р Кирил Николов – претседател на комисијата и членовите на истата – д-р Методи Витанов, д-р Коста Јаневски, д-р Катерина Кузмановска и д-р Тинка Стојанова.