Во рамките на наставните содржини кои се предвидени во наставната програма по предметот Општество, за учениците од четврто одделение од ООУ „Маршал Тито“-Струмица, кои наставата ја следат на турски наставен јазик, се одржа теренска настава со планирани активности и методи за посета на Советот на општината и административната зграда на општина Струмица.
Учениците непосредно се запознаа со органите на општината, нивната надлежност и остварувањето на правата и обврските на граѓаните во локалната самоуправа.Учениците во текот на посетата на кабинетот на градоначалникот го цртаа грбот на општината и се интересираа за надлежностите кои се поврзани со одлучувањето за потребите на граѓаните. Учениците ја изразија својата желба во иднина градоначалникот и советниците да може да обезбедат изградба и на зоолошка градина која ќе ги израдува сите деца во општината и пошироко.Овој час е дел од часовите кои се следат и преку проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, имплементиран од страна на Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје (МЦГО), финансиски поддржан од страна на Детската фондација Песталоци и општина Струмица.