Општина Струмица ја информира јавноста дека на ден 11.06.2016 г. ( сабота ), од 07.00 до 09.00 часот ќе се спроведе авионско прскање против комарци на територијата на градот .Границата на третирање започнува на северозапад од Гробиштата во правец на Софилар до селото Добрејци (северна индустриска зона), продолжува североисточно од
с.Добрејци (северна индустриска зона) во правец на бетонска база Бетон до почетокот на индустриска зона во с.Дабиле. Од индустриска зона во с.Дабиле југоисточно во правец на реката Тркања до крстосницата на селото Куклиш и југозападно од крстосницата на с. Куклиш кон Св. Петнаесет, Ловен дом и се до гробиштата, опфаќајќи ги сите улици во Струмица.Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели , заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.Во случај на врнежи, третирањето ќе биде одложено за наредниот ден (12.06.2016 г.), недела.