Директорите на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица”, „Паркинзи на општина Центар” и „Куманово Паркинг”, Верица Узунова, Саша Богдановиќ и Фадиљ Шабани, вчера потпишаа Иницијатива за формирање на Асоцијација на комунални претпријатија за јавни паркиралишта, со цел да се воспостави партнерство во дејноста што се однесува на управувањето со јавните паркиралишта и обезбедување и олеснување на пристапот до услугите од областа на комуналните дејности.
Со формирањето на оваа Асоцијација треба да се подигне свеста за безбедноста во јавниот сообраќај, да се заштити животната средина на целата територија и да се создадат услови за унифицирана имплементација на иновациите од информатичката технологија во тековното работење на јавните претпријатија за јавни паркиралишта основани од единиците на локалната самоуправа на Република Македонија.Потписник на оваа иницијатива ќе биде и директорот на ЈП „Градски паркинг и зеленило” од Гостивар, Меметали Емро, кој од оправдани причини не беше присутен на средбата.