Во градинката „Детска радост“ клон 1, денеска, почна „Зелената недела“ која што ќе трае до 16 јуни. Оваа манифестација има едукативен дел кој се состои од предавања и практичен дел во кој дечињата засадуваат семиња и цвеќиња. „Зелената недела“ се одржува во организација на ЕУ инфо точка, целта е подигање на еколошката свест на децата уште од најрана возраст.