Општина Струмица, согласно своите законски обврски, како и согласно своите надлежности, во своето тековно работење, но и при реализација на општински проекти секогаш го има во предвид остварувањето на принципот на еднаквост и еднаквите можности за ситем еднаков третман и забрана на секаков вид дискриминација.Клучни идентификувани области на кои беа насочени активностите од родов аспект во општина Струмица за 2015 година се:
човечките права-недискриминација, жената и одлучувачките процеси во локалната заедница, подигање на свеста за грижа на жената за сопственото здравје, изготвување на основни статистички податоци за економско-социјалната положба на жените на територијата на општина Струмица, родово одговорно буџетирање, јакнење на капацитетите/едукација на комисијата за еднакви можности, советниците, општинската администрација, образовните институции (како и другите чинители во општествениот живот) и интезивирање и проширување на соработката со НВО од областа на еднаквите можности.
Годишниот извештај за Родовата рамноправност можете да го најдете на следниот линк