Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа фестивалот на детски песни ЈО – ЈО 2016. На фестивалот учествуваа 20 деца кои изведоа исто толку новокомпонирани песни кои веќе се ставени на ЦД.
На фестивалот му претходеше аудиција за деца-музички таленти која што се одржа во седум основни училишта која траеше четири месеци и во која учествуваа вкупно 415 деца на возраст од 5 до 12 години.Општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев со финансиската поддршка која што ја обезбедија за фестивалот, уште еднаш ја потврдија континуираната поддршка на најмладите, посебно, во промоцијата на нивниот талент, а преку кој тие ја промовираат и Општината.