Вечерва во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица започнува ревија на руски воени филмови по повод 75-годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна. Филмскиот циклус е составен од четири долгометражни играни филмови: БЕЛИОТ ТИГАР на Карен Шахназаров (23 јуни, четврток, 20 час.), НОРМАНДИЈА-НЕМАН на Жан Дервил и Дамир Вјатич-Бережни (24 јуни, петок, 20 час.), НИЕ СМЕ ОД ИДНИНАТА I на Андреј Малјуков (25 јуни, сабота, 19 час.), НИЕ СМЕ ОД ИДИНИНАТА II на Александар Самохвалов и Борис Ростов (25 јуни, сабота, 21 час.). Оваа филмска ревија е во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во РМ, Општина Струмица, Кинотека на Македонија и НУЦК „Антон Панов“ – Струмица. Влезот е бесплатен.