Од јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ ги известуваат граѓаните корисници на вода од водоснабдителниот систем од град Струмица дека заради интервенции од ЕВН – Електрани на браната „Турија“, ќе има прекин во дотурот на сирова вода до Филтер станицата на ден 22.12.2016. Поради оваа интервенција, градот и околните населени места без вода ќе бидат во периодот од 16.00 до 21.00 часот.