Решение за свикување на четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Решение

за свикување  на четириесет и првата  седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица за ден 30.06.2016 година (четврток).

Четириесет и првата  седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во  11,00  часот.

За работа на седницата  предлагам:

I

Усвојување на записниците од  триесет и осмата, триесет и деветата и четириесетата седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н   р е д

  1. Предлог – Одлука за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2016 година;
  2. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 3-a, (КП бр. 6524, 6525, 6526 и 6527), Општина Струмица, плански период 2014 – 2019 година;
  3. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година;
  4. Извештај за работењето   на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за првиот квартал  од   2016 година;
  5. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4982 КО Струмица;
  6. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7665/1 и 7665/3 КО Струмица;
  7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7665/1 КО Струмица;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7152/4, 7152/1 и 8018/1 КО Струмица;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 4507, 4506, 4508 и 4487 КО Куклиш;
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2758 КО Банско;
  11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 654 КО Рич;
  12. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 125 КО Банско;
  13. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 684/1 КО Баница.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов