Тринаесет точки од предложениот дневен ред ќе бидат предмет на дискусија и одлучување на 41. седница на Советот на општина Струмица која е закажана за утре. Советниците ќе расправаат за Предлог-одлуката за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2016 година, за Предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од блок 3-А (КП бр. 6524,6525,6526 и 6527), за планскиот период од 2014 до 2019 година, за Предлог Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година, како и за извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ за првиот квартал од 2016 година. Останатите осум точки од дневниот ред се однесуваат на потребите за донесување урбанистичко-планска документација.