Од 22. до 25. јуни во главниот град на Чешка, во седиштето на RWE, се одржа редовната годишна Конференција на Европската енергетска заедница, на која учество зеде и директорот на „Струмица – Гас“, Зоран Китанов. Според зборовите на Китанов, на оваа конференција за прв пат, покрај Украина, учествувала и Македонија, претставувана од „Струмица – Гас“.
Да се присуствува на еден вака значаен собир на дистрибутери на природен гас од цела Европа, за нас претставуваше привилегија, задоволство и голема чест, бидејки искуството што го стекнав од долгогодишната работа на најголемите европски компании од оваа област е од непроценливо значење за мене како директор и за идното работење на „Струмица – Гас“. Мојата презентација на конференцијата привлече големо внимание од присутните, поради специфичноста на нашиот систем кој е единствен во овој регион. Беше договорена соработка со идно учество на „Струмица – Гас“ во европски енергетски проекти“, истакна Китанов.