Изложбата која е во рамките на проектот за воспоставување на долготрајна погранична соработка и размена на културно-историско наследство, финансиран од ЕУ а имплементиран од Општина Струмица и Општина Петрич од 20.07.2007 година е претставена во Петрич.
Целта на фотоизложбата е да бидат презентирани минатото, сегашноста и иднината на двете погранични општини. На изложбата се претставени по 100 фотографии од двете општини и истите 20 дена беа изложени во НУ Завод и Музеј – Струмица, а од 20.07.2007 година се достапни за љубителите на културата во Општина Петрич. .