Претставници на одделенијата за локален економски развој од Општина Струмица и Општина Петрич остварија работен состанок на тема генерирање на идеи за трансгранични проекти од областа на културата, здравството и спортот.
На работната средба на тема “Можности за заедничка работа и партнерство во областа на културата, здравството и спортот во регионот на Струмица и Петрич” која во петокот се оддржа во просторите на Општина Петрич, а се реализира во рамките на проектот “Прекугранична културна соработка за заедничка европска иднина” финансиран од CARDS програмата, беа определени десетина проектни идеи за нови заеднички проекти меѓу двете прекугранични општини.
Врз база на систематизираните проектни идеи ќе се изработи стратегија за понатамошна соработка меѓу Општина Струмица и Општина Петрич која кон крајот на месец ноември ќе се потпише од градочалниците на општина Струмица и Петрич, Зоран Заев и Вељо Иљиев .